
Најмалку 37 луѓе загинаа, а 14 се повредени во поплавите во мароканскиот пристаништен град Сафи.
Обилните дождови вчера поплавија домови и продавници во стариот дел на Сафи, а надојдената вода носеше автомобили. Поради поплавите денеска училиштата се затворени.
Мароко по седум години суша се соочува со обилни дождови и снежни врнежи во планинскиот венец Атлас.

