Skip to main content
Култура

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан

14/12/2025  09:23

Денес, во 18.00 часот, во СРЦ Кале ќе се одржи традиционално најбитното кошаркарско дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ. Ова дерби отсекогаш важело за најбитниот меч во првата кошаркарска лига, без разлика дали станува збор за титула или не, затоа што се игра помеѓу двата најдобри и долгогодишни скопски ривали.

Овој натпревар на навивачите помеѓу двата клуба, ќе го искористиме и за повик за обединување, не само скопско, туку и национално со цел сите да се вклучиме масовно во гласањето за награда од публиката за македонскиот филм кој е во трка за Оскар – “Приказната за Силјан” на Тамара Котевскa.

Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.

Спортот и културата се наши најдобри амбасадори и треба да работиме заедно и заемно да се поддржуваме. Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори. Сите сме за Силјан, сите сме за Тамара Котевска.

Гласањето се затвора на 16.12.2025 во 02.00 часот. 

Ова е линкот на кој што може да се гласа неограничен број пати: https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/

Се гледаме во СРЦ Кале денес, 14. декември, а следното дерби ќе биде во целосно реновираната сала на Работнички во Градски Парк.