Skip to main content
Свет

Романија потврди два случаи на лепра

12/12/2025  18:12

Пронајдени две масерки со лепра во спа центар во северозападниот град Клуж. Ова е прв потврден случај на болеста во земјата од Европската Унија по повеќе од 40 години.

Уште две лица се тестираат, објави „Ројтерс“, а двата потврдени случаи се двајцата индонезиски државјани, на возраст од 21 и 25 години кои примаат третман.

Министерот за здравство Александру Рогобете рече дека корисниците на спа центарот не треба да се грижат, бидејќи е потребна продолжена изложеност за да се пренесе болеста.

Властите го затворија спа центарот додека не заврши истрагата, соопштија здравствените службеници, пренесе „Н1“.