Skip to main content
Економија

Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за ноември

12/12/2025  16:10

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2025 година.

Корисниците со дебитни картички од денес, 12 декември, може да подигнуваат готовина на банкомати, да плаќаат безготовински во продажната мрежа или да ги користат средствата преку електронско и мобилно банкарство.

За оние кои немаат картички, исплатата ќе се врши во две групи, по азбучен ред на презиме, во сите отворени филијали и експозитури на банките: 12.12.2025: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ 15.12.2025: М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.