Skip to main content
Хроника

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица 

12/12/2025  16:10

На 11/12.12.2025 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување”, „лихварство”, „перење пари и други приноси од казниво дело” од КЗ и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и за забавни игри.

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на 11 локации во Скопје, при што лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите пронајдени и одземени се парични средства околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 долари, повеќе телефонски апарати, три патнички моторни возила, компјутери, лап топ компјутери, маси за покер, чипови, карти, друга опрема за покер, документација, растителна и прашкаста материја.