Skip to main content
Свет

67 новинари загинале во изминатата година

09/12/2025  19:47

Во последните 12 месеци, 67 новинари го загубиле животот додека ја извршувале својата професија, соопшти меѓународната организација за човекови права „Репортери без граници“.

Повеќето од нив биле убиени во воени зони или од криминални групи. Организацијата наведува дека бројките, кои се однесуваат на периодот од декември минатата година до почетокот на овој декември, се речиси идентични со податоците од 2023–2024 година. Најопасни региони за новинарите остануваат Појасот Газа, каде загинале 29 медиумски работници, и Мексико, каде се регистрирани девет смртни случаи.