Skip to main content
Свет

Сијарто: Орбан и Трамп не се согласија за финансиска помош од 20 милијарди долари

09/12/2025  19:32

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп не се согласија за предложениот пакет за финансиска помош од 20 милијарди долари. Но сепак, ветија дека ќе започнат разговори за нова форма на финансиска соработка, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарскиот министер за надворешни работи реагираше на интервјуто на Трамп, кое беше емитувано претходно денеска од порталот „Политико“ со седиште во Брисел, во кое Трамп негираше дека нуди каков било пакет за финансиска помош.

Орбан во ноември предложи Унгарија да избере помеѓу неколку начини за зајакнување на своите финансии според договорот со Вашингтон, со финансирање во вредност до 20 милијарди долари.