Skip to main content
Свет

УНИЦЕФ: И покрај примирјето, бројот на неухранети деца во Газа сè уште е голем

09/12/2025  18:36

Агенцијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) соопшти дека бројот на неухранети деца во Појасот Газа сè уште е голем и покрај примирјето.

Агенцијата на ОН за деца соопшти, дека по октомврискиот прекин на огнот, кој требаше да овозможи значително зголемување на хуманитарната помош, илјадници деца беа примени на лекување од акутна неухранетост во Појасот Газа.

УНИЦЕФ потсетува дека во октомври, откако стапи во сила првата фаза од договорот за ставање крај на двегодишната војна меѓу Израел и Хамас, 9.300 деца биле лекувани од тешка акутна неухранетост.