
Уапсен е криумчар на мигранти од скопско, кој превезувал пет лица од Египет.
Како што информираат од МВР, вчера навечер во гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица лишиле од слобода 28 годишен жител на скопското село Копаница.
При преглед во неговото возилото биле пронајдени мигранти.
Тие се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
