Skip to main content
Спорт

Мбапе и Камавинга го пропуштија тренингот пред дуелот со Манчестер Сити

09/12/2025  15:12

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти тренингот на тимот пред утрешниот натпревар од 6. коло во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објави новинарот Марио Кортегана на социјалните мрежи.

Според шпанските медиуми, францускиот фудбалер Едуард Камавинга исто така не присуствувал на тренингот. Мбапе одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сезоната 2025/26, постигнувајќи 25 гола и четири асистенции.