Skip to main content
Свет

Кремљ ја поздрави поумерената американска безбедносна стратегија

07/12/2025  08:16

Кремљ ја поздрави измената во стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Трамп, во која Русија веќе не се наведува како директна закана.

Во документот дури се остава можност за соработка во областа на стратешката стабилност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за ТАСС изјави дека ваквиот пристап го сметаат за охрабрувачки чекор. Тој додаде дека Москва детално ќе ги анализира новите формулации и нивното потенцијално влијание врз билатералните односи. Со ваквата промена, САД испраќаат поумерен тон кон Русија, што би можело да отвори пат за нови разговори и договори во сферата на нуклеарната стабилност и контролата на вооружувањето – теми што долго време беа замрзнати поради високи тензии.