Skip to main content
Спорт

Инфантино: Мундијалот 2026 ќе биде најдобриот во историјата

06/12/2025  18:37

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изрази уверување дека Светско првенство во 2026 година ќе биде најдоброто во историјата.

„ФИФА е официјален снабдувач на среќа за човештвото. Ова ќе биде најголемото Светско првенство во историјата. Тоа е многу повеќе од спортски настан. Ова е едноставно најголемиот настан во историјата на човештвото. Ќе биде извонредно и спектакуларно“, рече Инфантино по жрепката во Вашингтон со која во петокот вечер беше одреден составот на групите.

Мундијалот 2026 заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико со рекорден број од 48 репрезентации, а на публиката ќе им понуди 104 натпревари.

„Седум милиони луѓе ќе ги посетат стадионите. Два, три, четири пати повеќе луѓе ќе дојдат во САД, Канада и Мексико само за да ја почувствуваат атмосферата на Светското првенство. Мундијалскиот турнир од дома ќе го гледаат шест милијарди луѓе. Ќе биде како 104 Супербоули за еден месец“, рече Инфантино.