Skip to main content
Македонија

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

06/12/2025  17:13

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.

Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски. 

На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.

По пребројувањето и соопштувањето на гласовите, следува обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.