Skip to main content
Македонија

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови 

06/12/2025  16:21

Заматена е водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови, информира попладнево јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Апелираат до граѓаните водата да се преврива пред употреба.

Од „Комуналец“ додаваат дека состојбата се следи во координација со Центарот за јавно здравје – Кавадарци и јавноста ќе биде навремено информирана кога водоснабдувањето ќе се нормализира.