Во последните 24 часа регистрирани 50 земјотреси во Романија

Во Романија веќе трет ден се регистрираат земјотреси, од кои два посилни – почувствувани и во поголемиот дел од Србија – во понеделникoт попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и вчера со јачина од 5,7 степени.

Само од вчера попладне, од најсилниот што се почувствува дури до Нови Сад во Србија, до утринава, во Романија се регистрирани вкупно 50 земјотреси, од кои повеќето биле со послаб интензитет и се последица на смирување на тлото.

Според податоците на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, по магнитудата од 5,7 степени во Романија имало уште два земјотреси посилни од 4 степени, шест посилни од 3, додека останатите биле над 2 степени.

Романските служби за итни случаи вчера извршиле преглед на теренот во градот Таргу Џиу и околината по дојава дека има пукнатини на некои згради, но констатирале само помала штета.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот се случил во округот Горж, на многу мала длабочина од 10 километри под површината на тлото.

Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.

Романија, која е на неколку раседи, се наоѓа меѓу европските земји најподложни на земјотреси. Во март 1977 година, во земјотресите повеќето од кои во Букурешт со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.570 луѓе, а беа повредени 11.000, и потоа голем дел од главниот град на Романија беше повторно граден, но значително поквалитетно. 

Треба да знаете
Последни објави