Skip to main content
Македонија

Царина заплени 2 тона фалсификуван прашок „Ариел“

04/12/2025  15:36

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува  правата од интелектуална сопственост.

Против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сузбивањето на нелегалната трговија и шверцот е од огромно значење за да се заштити здравјето на граѓаните. Шверцот на ваквите производи освен што се штетни за грашаните се и за животната средина која може да се загади од неконтролиран хемиски состав.