Skip to main content
Спорт

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

03/12/2025  21:55

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Загреб го победи Еурофарм Пелистер со 27:23. Ова е прв триумф на Загреб во Лигата на шампионите оваа сезона.

Пелистер добро влезе во натпреварот, му дозволи на Загреб да постигне само еден гол во првите 11 минути од натпреварот. Хрватскиот првак ја истопи предноста на Пелистер до 21-та минута (8:8).

За прв пат Загреб поведе во 22-та минута со голот на Филип Главаш за 9:8, а на полувреме беше 14:12 за домашниот тим.

Почетокот на вториот дел беше сличен на првиот, разликата е таа што Загреб во првите 10 минути направи серија 5:1, за предност 19:13. Клучен човек во таа серија беше голманот Сандро Мештриќ, се истакна, одбрани пет од првите седум удари што одеа кон неговиот гол.

Загреб ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот без поголеми проблеми и конечно ја оствари својата прва победа во групата Б.

Најефикасен играч кај Загреб беше Филип Главаш со дури 10 гола, додека Давор Чавар, Ихар Бјалауски и Ивано Павловиќ додадоа по четири. Сандро Мештриќ се истакна на голот со 12 одбрани и 50% процент на успешност. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец на Пелистер со седум гола.

Еурофарм Пелистер остана со четири бодови на седмото место во групата Б. Следниот натпревар македонскиот шампион го игра на домашен терен на 19.февруари 2026 година.