Skip to main content
Свет

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата 

02/12/2025  12:58

Полицијата на Хонг Конг денеска соопшти дека 15 лица се приведени под сомнение за убиство од небрежност во големиот пожар во станбен комплекс, додавајќи дека се очекуваат дополнителни апсења.

Меѓу приведените се 14 мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 77 години, а сите се поврзани со компанијата за одржување и инженерство што работела во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Таи По, соопшти полицијата, објави Ксинхуа.

До 16 часот по локално време, пожарот одзеде 156 животи, а околу 30 лица сè уште се водат за исчезнати, објавија локалните власти.

Полицијата објави дека се пронајдени уште пет тела, со што бројот на жртви се зголеми од 151 на 156, а од вкупниот број жртви, 127 се идентификувани, објави порталот на полицијата на Хонг Конг.