
Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) спроведоа вонредна контрола во девет основни училишта во општина Карпош на 27 ноември 2025 година.
Од секое училиште беа земени мостри од храна и брисеви од работните површини во кујните. Анализите покажаа дека во повеќето примероци не се пронајдени патогени бактерии. Сепак, во едно од училиштата беа откриени ентеробактерии на две површини, што укажува на недоволна хигиена.
ИЈЗ најавува дека ќе предложи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје и во соодветни правилници и законски акти. Целта е подобрување на хигиената во училиштата и градинките, како и обезбедување побезбедна храна и вода, со што ќе се унапреди јавното здравје.

