Skip to main content
Свет

Тринаесет уапсени по трагичниот пожар во Хонг Конг

01/12/2025  16:10

Полицијата во Хонг Конг приведе 13 лица во рамки на истрагата за катастрофалниот пожар во станбен комплекс, во кој загинаа најмалку 151 лице, пренесува државната агенција „Ксинхуа“ повикувајќи се на локалните власти.

Според извештајот, седум од 20-те земени примероци од материјалите на зградата собрани од изгорените облакодери не ги исполнувале стандардите за противпожарна отпорност. „Ксинхуа“ исто така информира дека полицијата продолжува со истрагата за трагедијата.

Пожарот избувна на 26 ноември и зафати осум облакодери во Хонг Конг.