Skip to main content
Хроника

Пронајдено тело на жена во Вардар

01/12/2025  15:14

Во полицијата вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, Oпштина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице.

Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.

Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.