Skip to main content
Скопје

Повторно се запали автобус на ЈСП при движење

19/11/2024  17:50

Не запира хаосот во јавното сoобраќајно претпријатие. Повторно се запали автобус кој сообраќал по рутата кон Злокуќани, за среќа нема повредени во инцидентот. Интервенирала и противпожарна единица, а причините за несреќата допрва треба да се утврдуваат.

По денешниот инцидент со соопштение излегоа и од Град Скопје од каде ја обвинуваат владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за настанатиот хаос во ЈСП. Според нив блокадата во советот била главна причина за лошата состојба.

“Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз” стои во соопштението на ЈСП.