Skip to main content
Македонија

Албанци со коњи и знамиња го блокираа сообраќајот во Тетово

28/11/2025  16:21

Албанци на коњи и со албански знамиња го блокираа сообраќајот на улиците во центарот на Тетово, славејќи го денот на албанското знаме – 28 ноември.

Од видото кое го објави Тетово инфо, може да се види дека сообраќајот е во застој, нервозни возачи излегле од возилата бидејќи не можат да се пробијат од толпата. Кружниот тек буквално е блокиран од сите страни.

Граѓани на социјалните мрежи револтирано го коментираат ваквото однесување на Албанците и го критикуваат веењето на албански знамиња во Македонија.

Исто така сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит Пазар речиси се непроодни. Според граѓани кои се затекнале во областа, движењето е овозможено само во лентата резервирана за дефилето, додека останатите ленти и околни улици се блокирани со возила, што предизвикува застои и невозможност за движење.

Колоните што се движат со полициска придружба тргнуваат од пред Општина Чаир кон плоштадот Скендер-бег.

Денес, Денот на албанското знаме се одбележува во Албанија, како и меѓу Албанците во регионот и дијаспората. Празникот се слави како симбол на културна самосвест и национална припадност, со официјални манифестации.