Skip to main content
Свет

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг

26/11/2025  20:54

Бројот на жртви од огромниот пожар што зафати станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг досега се зголеми на 36.

Најмалку 279 лица сè уште се сметаат за исчезнати, a десетици се хоспитализирани.

„До овој момент, пожарот предизвика смрт на 36 лица, а 279 се сметаат за исчезнати. Уште 29 лица се хоспитализирани, од кои седум се во критична состојба“, рече Ли на прес-конференција вечерва, што во Хонг Конг по локално време е длабоко во ноќта меѓу среда и четврток.

Пожарот избувна во округот Таи По, во северниот дел на Хонг Конг.

Пожарникарите со часови се бореа со пожарот што избувна во Ванг Фук Корт, комплекс од високи згради во Хонг Конг,  со повеќе од 2.000 станови.