Skip to main content
Свет

Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори

26/11/2025  20:30

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и ѝ се заблагодари за „јасната позиција и пораки за поддршка на Украина“.

„Целосно се согласуваме: сè додека Русија ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да се заострат, а одбранбената и финансиската помош за Украина да продолжи“, рече Зеленски.

Тој истакна дека една од темите биле замрзнатите руски средства во ЕУ и дебатата за нивно можно користење за финансирање на украинската одбрана.

„Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на ЕУ околу одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи Зеленски.