Skip to main content
Хроника

Дрвокрадци камикази се судриле со шумска полиција, две лица приведени, а по две се трага

26/11/2025  10:39

Заменик директорот на национални шуми Кире Михаилов објави дека во Прилеп синоќа повторно имало дрвокрадци – камикази.

– Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција!

Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.

Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.

Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе, објави Михаилов