Skip to main content
Свет

Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило и влегување во политиката

26/11/2025  10:33

Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека палестинското милитантно движење Хамас, како во Појасот Газа така и во странство го разгледува предлогот за распуштање на военото крило и трансформација во политичка организација.

Според весникот, Хамас предвидува да стане политичка организација вклучена во јавниот, економскиот и општествениот живот и да се приклучи кон Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на Махмуд Абас.

Ако Хамас се приклучи кон ПЛО тоа би придонело до обнова на политичкиот процес во палестинските територии.

Предлогот за трансформација на Хамас е упатен до сите тела на движењето. Неименуваните извори тврдат дека Хамас за разоружувањето веќе разговарал со посредниците од Египет, Катар и Турција