
Израелската армија денеска објави дека започнува „големи операции“ против палестинските вооружени групи во северниот окупиран Западен Брег.
Израелските „сили започнаа да дејствуваат како дел од голема антитерористичка операција во северниот регион Самарија“, се вели во соопштението на армијата, кое го користи библиското име за северниот дел на Западниот Брег.
-Израелската армија посочи дека не станува збор за распоредување како дел од „антитерористичката операција“ започната во јануари 2025 година и насочена кон палестинските бегалски кампови во регионот, туку за „нова операција“. Израелските сили „нема да дозволат тероризмот да се вкорени таму – додаде армијата.
