Skip to main content
Македонија

Почнуваат нови обилни дождови, снег на планините и можни нови поплавувања

25/11/2025  21:57

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот од утре (Среда 25 ноември) до (Сабота 28 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме облачно и врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со засилен ветер и со услови за ретка појава на грмежи. За време на овој период на повеќе места кај нас ќе наврне големо количество на дожд (над 35 литри дожд) локално дури и над 70 литри дожд.

Поради продор на поладен воздух од север на планините над 1400/1500 надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и токму на овие места очекувам формирање на снежна покривка.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер и со услови за ретки грмежи. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на воден талог (над 35 литри дожд). Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје и околината до околу 9 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови можни се нови поплавувања како и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија. Апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поди очекуваните нови обилни дождови и можните нови поплавувања кај нас.