Skip to main content
Македонија

Мицкоски најави: Имињата на новите министри од ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре

25/11/2025  19:44

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека имињата на новите министри од редовите на коалицијата ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа недела.

„До утре сите прашања ќе бидат финализирани. Очекувам оваа недела да ги доставам предлозите до Парламентот. Кога сè ќе биде официјално, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски.