
Мопедист е тешко повреден при судир со „шкода“ на скопски булевар.
– На 24.11.2025 во 16:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Македонско- Косовска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од с.Арнакија, скопско и мопед управуван од Е.М.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
