Skip to main content
Свет

Лавров: Русија чека САД да достават привремена верзија на својот план за Украина

25/11/2025  12:58

Москва очекува Вашингтон да достави преодна верзија за планот за решение со Украина договорена со Европејците и Украинците, изјави рускиот министер за надворешни, Лавров.

Лавров вели дека Русија очекува информации од САД за разговорите со Украина, и се надева дека тоа ќе биде наскоро.

,,Имаме канали за комуникација со нашите американски колеги и тие се користат. Очекуваме да презентираат верзија што ја сметаат за привремена во однос на завршувањето на фазата на усогласување на овој текст со Европејците и Украинците – изјави Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија.