Skip to main content
Македонија

Предмет ,,Пулс”: Денес без изјаснување за вина на обвинетите, следно рочиште на втори декември

25/11/2025  12:45

Во кривичниот суд во Идризово денеска се одржа второто рочиште од судењето за случајот ,,Пулс”.

Пред да почне главната расправа дел од одбраната на обвинетите даде забелешки за процедурата во доказниот материјал како и дека дел од обвинетите не го добиле новото интегрирано обвинение и побараа одложување на воведните зборови и изјаснувањето за вина.

По овие барања се повлече судечкиот совет и по пауза од половина час донесе одлука денес да не се одржат воведните обраќања и изјаснувањето за вина на обвинетите.

Во продолжение на рочиштето се прочитаа сите оштетени и нивните застапници. Сите оштетени се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон.