Skip to main content
Македонија

СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави мајките и бебињата без пари, породилното доцни и по 30 дена

25/11/2025  11:55

Изјава за медиуми, Елена Радеска, Комисија за здравство на СДСМ

Почитувани,

Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон.

Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. И замислете, Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат за исплати и да немаат пари за пелени и млеко.

Нема ништо нормално во тоа семејства што  живеат само од породилното да останат без денар затоа што ДПМНЕ не си ја врши работата. Вистината е дека никогаш во минатото не се случило вакво доцнење.  Ниту во време на светска економска криза ниту кога имаше хакерски напади на Фондот. Ова не се случило под ниту една друга влада. Ова е директен резултат на неспособност и на расипнички приоритети на Мицкоски и неговиот другар Клековски.

Со ваква неспособност и нечовечност досега граѓаните се немаат соочено. 

Денес го прашуваме Мицкокси, зошто нема пари за мајките и бебињата, а има за луксузни автомобили, скапи мебели и тендери кај блиски фирми? 

Секој ден слушаме за нов скандал, нова злоупотреба, нов непотизам. 

СДСМ бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати породилни надоместоци без одложување. Бараме фиксен датум на исплата секој месец, како што со право бараат мајките.

Бараме Владата јавно да ја објави состојбата со Фондот и да каже каде завршиле парите што треба да бидат исплатени на секоја мајка во оваа држава.

Дали е точно дека сите доцнења се заради неликвидноста на буџетот?

СДСМ стои со овие жени, ќе бидеме нивниот глас додека Владата ги игнорира. Ќе зборуваме гласно сè додека не се исполнат сите обврски кон секое новороденче и кон секоја мајка која денес се чувствува изневерена од државата.

Време е оваа неспособна влада да престане да бега од одговорност.