Skip to main content
Скопје

9то издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа

02/06/2025  08:55

Денеска со почеток во 18:30 часот, на ул. Македонија ќе започне 9то издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа. Фестивалот ќе трае до 4 јуни.

Статуафест е уличен уметнички фестивал каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи.

Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и јавето се поблиску отколку што мислиме.

Статуафест не е само фестивал – тоа е повик за стоп, за восхит и за соништа што оживуваат среде градскиот ритам. Придружете ни се и дозволете уметноста да ве однесе таму каде што зборовите замолкнуваат, а соништата почнуваат да зборуваат.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а помагачи се АМСМ, ВВ Тиквеш и Секјурисат обезбедување.