
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово отвори истражна постапка против 84-годишен маж, кој е обвинет за сериозно кривично дело. Обвинителството го гони лицето поради основано сомнение дека извршило обид за убиство, и тоа сторено на суров и подмолен начин, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Кривичното дело, како што информираат од Обвинителството, се случило на 4 декември, во хотелски објект во Куманово. Осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена.
Според досегашните сознанија, осомничениот утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил влезната врата, влегол во објектот и се упатил кон собата каде што престојувале оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.
Кога жената го забележала, таа станала и тргнала кон вратата од собата со намера да го спречи влезот. Во тој момент, осомничениот извадил нож и со него ја удрил жртвата во пределот на главата. Во мигот кога ножот му паднал, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да вика и да бара помош. На повиците реагирал нејзиниот син, кој излегол од другата соба и го спречил натамошниот напад од страна на осомничениот.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, на претходнаta постапка при Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомниченото лице.
