Skip to main content
Македонија

ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати

09/09/2025  08:42

Во текот на изминатото деноноќие на територија на цела држава биле регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни пожари има во село Никуштак, општина Липково и на територија на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност викана Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

Од скопскиот регион изгаснати пожари има на територија на општина Ѓорче Петров – улица „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина Сопиште – село Јаболци – Говрлевска Краста (ниска вегетација) и општина Сарај – село Рашче (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите и во општините Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Струмица, Струга, Кавадарци, Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.