
На 19.06.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.
„Според пријавеното, истиот ден машко лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и ја скршила ногата и морала да се оперира веднаш и дека операцијата е многу скапа бидејќи требало да и се вградат златна шипка и штрафови.
Како што е пријавено, откако телефонски се договориле, таа ги дала парите на едно женско лице на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.