Skip to main content
Хроника

83 годишен маж со пушка пукал кон ловечко куче и го усмртил

02/12/2024  16:22

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено на 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.