
На 6 декември 2025 година во 10:20 часот, во СВР Скопје 82-годишна жена пријавила дека била измамена за околу 170.000 денари. Според пријавеното, непознато лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете.
Лажниот „полицаец“ побарал пари наводно за да ја ослободи внуката од затвор. Жената излегла на улица и му ја предала сумата на непознат маж, но подоцна сфатила дека нејзината внука воопшто не учествувала во несреќа и дека е жртва на измама. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

