
На 10.07.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден околу 11.00 часот била измамена од едно лице за сума од 90.000 денари.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека за детето требало да се плати лекување.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место и по некое време сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.