Skip to main content
Хроника

76-годишник со „корса“ се судрил со товарно возило, тешко е повреден

04/09/2025  15:09

76-годишен возач од Битола е тешко повреден при сообраќајка кај село Сирково. Со возило се судрил со камион „ман“.

– На 03.09.2025 во 14:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Прилеп–Градско, кај надвозникот за село Сирково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Битола и товарно возило „ман“ со приколка со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Општата болница Кавадарци, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.