Skip to main content
Хроника

76-годишник со „голф“ излета од пат, тешко е повреден

10/11/2025  16:20

76-годишник од Струга е тешко повреден откако со „голф“ излретал од пат.

– На 09.11.2025 во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(76) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија денеска од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.