Најмалку 75 луѓе во 13 американски сојузни држави се заразиле со ешерихија коли откако јаделе хамбургер од Мекдоналдс познат како „четврт паундер“, соопштија денеска здравствените власти.
Центрите за контрола и превенција на болести објавија дека 22 лица се хоспитализирани, пренесе АП. Две лица имаат сериозни компликации со бубрезите, а едно лице починало.
Изворот на избувнувањето на заразата не е идентификуван, изјавија претставници на американската Администрација за храна и лекови, но иследниците се фокусираа на сецкан кромид што се користи во хамбургерите, како и на говедски хамбургери.
Претставниците на Мекдоналдс рекоа дека одгледувачот од Калифорнија, Тејлор Фармс, го испорачувал жолтиот кромид кој бил повлечен поради можна контаминација со ешерихија коли. Мекдоналдс ја повлече плескавицата од неколку држави во вторникот, кога беше објавено дека дошло до контаминација.