Skip to main content
Хроника

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

06/11/2025  08:36

Полицијата во Неготино уапси 73-годишна жена под сомнение дека намерно предизвикала пожар во својот дом.

Настанот се случил завчера околу 18:40 часот, кога пожарот го изгаснале припадници на Територијалната противпожарна единица Неготино. Повредени нема.

Жената е задржана во полициска станица, а по документирањето на случајот ќе ѝ биде поднесена соодветна пријава.

Причините за нејзиниот чин засега остануваат непознати.