Skip to main content
Хроника

72-годишен скопјанец на последните претседателски избори се обидел да гласа наместо друг

21/11/2024  13:08

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на избирачко право од член 161 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот законик што значи дека станува збор за кривично дело сторено во обид.