Skip to main content
Хроника

72-годишна жена измамена за 9.700 евра – и приредиле голема измама

16/05/2025  13:50

Вчера во 11.25 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра.

„Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати“, се вели во соопштението на МВР.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.