Skip to main content
Хроника

71-годишна жена нападната од својот син во Чаир

12/06/2025  15:09

Вчера во скопската полиција било пријавено дека во дворот од семејната куќа во Чаир, 71-годишна мајка била физички нападната од 47-годишниот син.

„На 11.06.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Чаир, Г.С.(47) од Скопје физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.