Skip to main content
Хроника

71-годишен пешак прегазен во Свети Николе

13/06/2025  13:59

71-годишен пешак прегазен во Свети Николе.

– На 12.06.2025 околу 12.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на кружниот тек на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(31) од Свети Николе, удрило во пешакот П.Л.(71) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе, известија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.