Skip to main content
Хроника

70-годишен возач со „ауди““ прегази жена-пешак во Скопјe

12/06/2025  15:17

Од МВР известија дека вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од село Волково, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.